Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Во Битола одбележан 23-ти окотмври – денот на Македонската Револуционерна Борба

Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев во дворот на Заводот и музеј, свежо цвеќе положи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и претставници на Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци, на политичките партии и Здружението на ветерани од безбедноста.

„Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денес им оддаваме почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата Даме Груев, со што се потсетуваме на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава. Овој празник е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија. Нека ни е честит 23 Октомври, денот на Македонската револуционерна борба“, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК

ТОВАРНО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ КАЈ ГЛУМОВО: Возачот тешко повреден

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК