26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митева го толкуваше Мицкоски: Нормално дека нема да сакаме да бидеме дел од некоја Унија која има различни вредности од тие на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во обид да го толкува нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и неговата изјава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара за вредностите и ќе исчезнуваат одредени вредности рече дека тие не сакаат да бидат дел од Унија која не дели исти вредности со нивната партија.

„Ако ние заедно со ЕУ не ги делиме истите вредности, тогаш нормално нема да сакаме да сме дел од некоја Унија со која немаме исти принципи во случај на неприфаќање на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има и негува како вредност“ рече Митева.

Со ваквите изјави и јавни настапи на ВМРО-ДПМНЕ се поотворено опозициската партија застанува против членството на државата во Европската Унија и станува јасно зошто го блокираат евроинтегративниот процес.

Претходно, Мицкоски изјави дека ќе разговара за коалиција со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата Левица за формирање на идната влада, наговестувајќи дека со нив ќе преговара за вредностите.

„Никогаш во политиката не велете никогаш. Тие вредности се ставаат на маса и се прави политички договор, дали ги делиме тие вредности или не ги делиме. Некои вредности ќе доминираат, некои ќе исчезнат. Тоа е политички дијалог што се прави по изборите“ рече Мицкоски.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека со цел доаѓање на власт се подготвени да ги жртвуваат и стратешките интереси на земјава и пополека се откажуваат и од декларативните заложби за членство во ЕУ.