20.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ангелов: И покрај потешкотиите на почетокот, 112 функционира во добар вмрежен систем за да помогне на секој кој има проблем

„Операторот ги зема сите податоци и ги внесува во компјутер. Полицијата и останатите служби ги гледаат тие податоци, имаме вмрежен систем“ рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за телефонскиот број 112 во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека одредени проблеми имало во воспоставувањето на системот со пожарните, бидејќи тие не се централизирани, туку се под локалната самоуправа.

„Најдов соломонско решение, ќе купиме мобилни телефони, ќе ги дадеме на градоначалниците и тие нека ги дадат на тој кој раководи со противпожарната единица. Но сепак ни кажаа дека имаат нивни броеви и го решивме тој проблем“ рече Ангелов.

Директорот на ЦУК рече дека освен на македонски, на 112 граѓаните може да зборуваат и на албански и англиски јазик, но истакна и дека вработените во ЦУК кои знаат други јазици помагаат и за разбирање со јавувачи кои зборуваат на некој друг јазик.