5. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Дујоски: Сите треба да се навикнат на 112, среќен сум што е нотирано како правилна, конкретна и прецизна реформа

„Станува збор за сосема нов пристап на кој треба да се навикнат сите. Но, факт е дека 112 е патот од кој нема враќање и среќен сум што е нотирано како една од позначајните правилни, конкретни и прецизни реформи во Извештајот на Европската комисија“ рече професорот Никола Дујоски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека со овој број на граѓаните им се пружа помош на побрз и поедноставен начин и се прави подобра рационализација на ресурсите.

„Секоја новина е тешка, особено со ограничени ресурси, но, ова е значаен исчекор со кој нашето општество заличува на европските“ рече Дујоски.

Професорот истакна дека уште во 2006 и 2007 година во тогаш формираниот ЦУК се разговарало за концептуално дефинирање на 112.