9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Танески: Охриѓани чекаат одговор на чија сметка е егзотичното патување на Пецаков?

-После 2 години поразителен е заклучокот: Охрид ја има најнеспособната локална власт досега на чело со Кирил Пецаков и ДПМНЕ. Актуелен е скандалот со егзотичното крстаење на градоначалникот, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Со денови охриѓани чекаат одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков? – рече на денешната прес-конференција, Лазе Танески, пратеник на СДСМ.

-Додека ги зголемува цените на услугите по јавните претпријатија за охриѓани должен е да излезе и да одговори пред граѓаните. Со ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат повисоки сметки за над 40%, поголема цена на паркинг, за гробарина за 75%, за градски пазар за 35%. Поминаа 2 години а освен скандали во Охрид локалната власт на ДПМНЕ ништо не работи. Резултати НУЛА, рече Танески.

-Единствено СДСМ преку Владата којашто ја предводи вложува во Охрид и реализира проекти. СДСМ вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот на општина Охрид е исплатен повеќе од половина токму со помош на Владата на СДСМ. Санација, преземање на долгот и управувањето со Колекторскиот систем е исто така дело на СДСМ. Успеавме да го зачуваме и престижниот статус на нашиот бисер, Охридското езеро останува на листата на УНЕСКО. Тоа е суштинска разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ во Охрид, изјави Танески.