9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
perokostadinov
.МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Ја поставивме социјалната компонента на пиедестал во Валандово

„Успеавме да ја изменаџираме енергетската криза во голема мера поради тоа што и претходно голем дел од проектите беа насочени во полето на енергетска ефиканост, независност, промена на уличното осветлување. Успеавме да не бидат доведени под знак прашалник капиталните инвестиции, но и социјалната компонента во буџетот беше ставена на пиедестал“ рече градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека во општината се воведени бесплатни детски градинки за секое дете кое ги користи на територијата на Валандово.

„Имавме и посебни мерки за лицата со попреченост и лицата на кои им е потребно помош. Горд сум и задоволен што социјалната компонента, барем во Валандово, е зголемена и така ќе продолжиме и понатаму“ рече Костадинов.

Градоначачникот рече дека државата мора да се развива во контекст на дела, а не зборови и дека на граѓаните им е преку глава од дневнополитички партиски препкувања и сакаат општество со мерливи критериуми за постигнатото.