23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска направи увид и ја промовираше реконструираната улица Никола Карев, на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со улица Ѓуро Ѓоновиќ.

– За само една недела по почетокот на градежните работи на улицата Никола Карев во центарот на Скопје, која беше во лоша состојба истата е целосно реконструирана. Работевме со забрзана динамика со цел да избегнеме сообраќаен метеж во овој дел од градот, со оглед на фактот што станува збор за фреквентна улица која поврзува повеќе клучни сообраќајници и се наоѓа во непосредна близина на Меѓуградската автобуска и Железничка станица. Со реализацијата на овој проект, исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје”, затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет – истакна градоначалничката Арсовска.

На улицата Никола Карев се изврши реконструкција на коловозот на површина од 3.800 метри квадратни, нивелација на шахтите и на сливниците, а се постави соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Градежните работи ги изведоа екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Салата Работнички во финална фаза, завршен административниот дел, се уредуваат теренот и трибините

C +

Првиот скопски партизански одред одбележа 84 години од своето формирање

ДЕСК

Герасимовски: Поставени 100 нови клупи и 100 нови канти, апел за заедничка грижа и одговорност кон јавните добра

ДЕСК