15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Дезинформации се објавите за наводни киднапирања на деца, имаме приведено лице за лажно пријавување, само призна дека измислува

За време на увидот на градбата на новата Полициска станица во Аеродром, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше запрашан дали има пријаво за киднапирања на деца. Тој потенцираше дека станува збор за комплетни дезинформации.

„Веројатно како наближува годината на избори почнуваат да се плетат такви приказни. Ако погледнете историски, пред три години, истава оваа шема во јавноста беше дека наводно се појавуваат групи, автомобили, комбиња кои киднапираат деца. Таква информација, односно дезинформација се појави и вчера, која ја пренесоа и медиумите. Веднаш лицето беше приведено, за него бараме по итна постапка да се одредени мерка притвор, зашто никој не смее да се игра со мирот и спокојството на граѓаните. Лицето само призна дека го измислило овој настан. Упатувам апел дека енергично ќе се бориме со вакви манипулации, без разлика од каква природа се и од кого доаѓаат. Граѓаните да бидат спокојни и мирни во однос на безбедноста”, беше дециден Спасовски.