24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Вчера во 15.45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода В.Н.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава течност и предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.