12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Струмица, приведен дилер, следуваат пријави

На 14.11.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј.(45) од Струмица, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

ДЕСК

Алиу: Реновирана Клиниката за урологија, воведени две нови хируршки методи, во фаза на реновирање е Центарот за трансплантација

ДЕСК