24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Во Куманово приведени тројца крадци, следува пријава

На 14.11.2023 година во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(30), С.Д.(22) и Д.Д.(32), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека на 04.11.2023 на улица „Маршал Тито“ во Куманово влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.