15 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Поради болестите и климатски промени, лозарите ќе добијат дополнителни 12 илјади денари по хектар

„Оваа година има пад на приносот и во Франција и во сите традиционални производители на вино. Бројките покажуваат дека за 30 отсто приносот е намален и кај нас. Болеста и климатските промени го направија своето“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека поради тоа покрај основните субвенции од 40 илјади денари по хектар, лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 12 илјади денари по хектар и по 1 денар дополнително на продаден килограм грозје.

„Оние кои имаат производство, но и оние кои во целост го изгубиле производството ќе направи се за да ги задржиме да ги одржуваат лозовите насади и да дадеме финансиски фокус. Покрај 10 милиони редовни субвенции, ова се уште 4 милиони дополнителни субвенции оваа година кон лозарите“ рече Николовски.

Министерот кажа дека земјава е во најголемите 15 извозници на вино во светот и дека приходите од извозот на вино само минатата година пораснале за 12 милиони евра.