Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Николовски: Во 2024 година 100 отсто ќе ја покрие зелената нафта за земјоделците и ќе ги вклучи и тутунопроизводителите

„Во 2024 година ќе обезбедиме и зелена нафта за тутунарите со 100 отсто поддршка за зелената нафта. Ова е наменска мерка која дава резултат“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека пред четири години се започна со мерката за зелена нафта кога се покриваа 30 отсто, минатата година 50 отсто, а од следната ќе се покриваат 100 отсто.

„Политиките на министерството се 100 отсто да ја покриеме зелената нафта за сите земјоделски производители и да ги вклучиме и тутунопроизводителите за прв пат“ рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Во моментите на најдлабока тага – едно семејство подари надеж (фото)

ДЕСК

Реализацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство достигна 56,9%, а реформите во судството и обвинителството надминаа 81%

ДЕСК

Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“

ДЕСК