„Најнегативната забелешка во делот на земјоделството во извештајот на ЕК е тоа што законот за земјоделство е заглавен во Собранието и е блокиран од оопозицијата, а со него се регулира начинот и транспарентноста на исплата на субвенциите“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека со овој закон дел од административците од МЗШВ ќе се префрлат во Платежната агенција со што ќе се централизира и сметководството на земјоделците.
Министерот додаде дека Европската комисија забележува што овој закон две години е во Собранието, каде што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира.
„Во извештајот на ЕК целосно се поздравува лидерската улога на Република Северна Македонија во однос на искористеноста на ИПАРД 2 со 100% склучени договори, над 2400 договори, целосно реализиран буџет“ рече Николовски.
Тој додаде дека случени се над 2400 договори и целосно е реализиран буџетот од ИПАРД 2 и токму затоа сме наградени со ИПАРД 3.