Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски ги прими учесниците на конференцијата на Експертската мрежа на ОБСЕ

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ги прими учесниците на конференцијата „Стратегиско предвидување во променлива средина: перспективи за соработка и безбедност во Европа – создавање на експертска мрежа на ОБСЕ“ која се одржува во рамки на македонското претседавање со ОБСЕ, а во пресрет на одржувањето на Министерскиот совет на крајот на ноември оваа година во Скопје.

Претседателот Пендаровски ја поздрави иницијативата за основањето на Експертската мрежа на ОБСЕ, која како формален и структуриран собир на тинк-тенк организации следат, истражуваат и анализираат специфични тематски приоритети кои се однесуваат на ОБСЕ и притоа изрази очекување дека оваа мрежа суштински ќе придонесе кон развојот на политиките на организацијата, а како платформа за консултации и дијалог ќе биде и добра можност за размена на информации и мислења меѓу тинк-тенк организациите од државите-учеснички на ОБСЕ.

На средбата во претседателскиот Кабинет, на која присуствуваа актуелни и поранешни функционери од оваа област во меѓународните односи, амбасадори, професори и истражувачи од еминентни светски институти и организации, се разговараше за безбедносните предизвици со кои се соочува нашиот регион, за безбедносната соработка во Европа, како и за улогата на ОБСЕ во актуелните светски конфликти.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК