10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Уставните измени ни се единствената можност да се оправдаат реформските процеси и станеме дел од европското семејство

„До крај на овој мандат ќе работиме на она што значи изгласување на уставните измени, како еден од предизвиците во овој извештај дека треба многу темелно да работиме на унапредување на политичкиот консензус, во рамки на нашето општество.Тоа значи дека треба многу да го унапредиме политичкиот дијалог на различни реформски процеси, теми и различни приоритети. Според мене, уставните измени ни се единствената можност кои што ќе можат да ги оправдаат сите овие реформски процеси и да бидеме дел од европското семејство,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Таа се осврна на извештајот каде се вели дека Северна Македонија се обврза да започне и да ги постигне релевантните уставни измени како прашање на приоритет. Притоа додаде дека токму таа реченица потсетува дека не станува збор за никаков бугарски диктат.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +