„Ако треба да определам јас кој е главниот виновник, сигурен сум дека главен виновник може да се лоцира во онаа политичка структура која упорно ја блокира сопствената држава со години. Тука немам дилема. Инаку, многу повеќе закони и многу повеќе работи ќе беа направени да не беше таа блокада во Собранието“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека Владата секогаш сме се соочувала со блокади.
„Да ве потсетувам дека имавме блокади на заемите што требаше да ги земе државата за да функционира, дури и на некои грантови, дури и во општините … дел од проектите беа заглавени токму поради нивна политичка одлука дека нема да се спроведуваат одредени европски проекти“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека тоа не значи дека Владата нема недостатоци или слабости кои треба да се надминат или дека другите институции дека немаат недостатоци и слабости.
„Добра прилика е со креирањето на овие патокази, со креирањето на овие документи за акција да видиме кои се приоритетите , да пружиме рака во собранието дека се што е врзано со реформите никогаш нема да биде закочено, дека секоја партија ќе даде свој придонес и да најдеме решение за многу прашања“ рече Маричиќ.