25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ЕК бара ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата да не го кочат напредокот на земјата

„Во делот на функционорањето на демократските институции Европската Комисија посочува дека е потребно да има конструктивен и инклузивен политички дијалог во Собранието, особено за реформите поврзани со Европската Унија. Се укажува на потребата да се донесат уставните измени, како и обврските од Дијалогот „Жан Моне“. Се бара ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата да не го кочат напредокот на земјата. Тоа ние го бараме одамна, на тоа инсистираат и граѓаните, а еве сега и самата Европската Унија“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека Владата и владината коалиција беа постојано и остануваат отворени за дијалог со ВМРО-ДПМНЕ и за заеднички консултации кога се во прашање стратешките интереси на држвата како што е членството во Европската Унија.

„Искуството на земјите членки на Европската Унија вели: Најдобро се бранат интересите ако сме во Европската Унија. Затоа јас велам: Време е за консензус. Сите политички партии да покажат на дело дека се за Европската Унија и за членство. Не само на зборови“ рече Маричиќ.