25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Препораките од Извештајот на ЕК се основа за спроведување на реформите, да не си дозволиме нова изолација

„Препораките во Извештајот, како и секоја година, ќе ни користат како основа за спроведување на реформите за следниот период. Планот и воопшто процесот на ЕУ интеграција не е само за активностите на Владата, туку за државата. Затоа ја отворивме вратата за учество на сите кои се дел од процесот во и надвор од Владата, во и надвор од Собранието“ рече вицепремиерот за европски прашња Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде едка сега е моментот да ја зграбиме понудената шанса и да пристапиме кон отворената врата на ЕУ.

„Да бидеме и ние дел од семејството на европското обединување, солидарноста и економскиот напредок. Да ги искористиме достапните и понудени фондовите на Европската Унија за реформи според европски стандарди. Да не си дозволиме нова изолација“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека афирмацијата на македонскиот идентитет и на македонскиот јазик не се потврдуваат во изолација, туку во заедницата со другите народи во Европската Унија.

„Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Ајде да поентираме во наша полза“ потенцираше Маричиќ.