26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Два пати ограбил иста обложувалница, скопјанец осомничен за разбојништва

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Разбојништво според член 237 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил иста спортска обложувалница. Првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат од сефот одзел 244.470 денари“, велат од Обвинителството.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, се додава во соопштението.