Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден скопјанец во сообраќајна незгода во центарот на градот

Вчера, во 9.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ситроен ксара“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот С. О. од Кочани, и патничко моторно возило „ситроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот З. К. од Скопје, извести МВР.

Во несреќата тешки телесни повреди добил З. К. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК