14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Јапонските научници откриваат кој е најдобар лек против несоница

Јапонските научници тврдат дека го откриле најдобриот лек против несоница.

Британците дошле до заклучок дека нивните проблеми со несоницата предизвикуваат загуби поради помалата продуктивност. И додека интернетот е полн со совети за подобар сон, еден од нив беше ставен на тест за да се види неговата ефикасност.

Милиони луѓе, кои страдаат од несоница, тврдат дека топлата купка им помага како лек да заспијат, а научниците утврдиле колкав временски интервал е неопходен за капењето да биде ефективно. Ако поминете 15 минути во топла бања, дефинитивно, ќе го забележите овој ефект.

Туширањето или капењето помалку од 15 минути го нема истиот ефект, а научниците од Универзитетот „Кјушу“ го измериле квалитетот на сонот кај 23 мажи и жени.

Резултатите покажуваат дека бањата не само што помага да заспиете туку и помалку ќе се будите во текот на ноќта.

Истражувањето покажува дека на оние што поминале 15 минути во бања им биле потребни само 12 минути за да заспијат, а на оние што кратко се туширале повеќе од 20 минути.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 14-ти август 2025

ДЕСК

Од што најмногу се плашат змиите? Еве како да ги избркате од вашиот двор и да се заштитите од нив

ДЕСК

Природен лек – сите бенефити и придобивки на морската вода

ДЕСК