15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Македонскиот систем е разјаден, бидејќи во последните 30 години не се роди човек кој ќе работи во својата област мимо политичките притисоци

„Одговорноста се враќа кај Власта бидејќи имаме менталитетски проблем. Ние 30 години никако не можеме да научиме дека кичмата на една држава е во правосудниот систем. Не случајно власта е поделена на три гранки на моќ: законодавна, извршна и судска власт. Судската власт, теориски и практично, би требало да работи надвор од стегите и притисоците на политиката. Но, гледаме дека македонскиот систем е толку разјаден бидејќи во последните 30 години не се роди човек кој ќе работи во својата област мимо политичките притисоци“, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисија во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој смета дека судиите и обвинителите ја наслушнуваат климата и секогаш во овие 30 години по инерција како дојде власт, да не се замерат со власта, постојано се дел од системот. Тие што се опозиција имаат менталитетска приказна дека законот важи за тие што се опозиција.

„Овие се некои начелни работи кои цело време функционираат. Но, идејата на моралот и правдата е законодавниот систем да ги штити граѓаните. Судскиот систем има обврска да воспоставува морал помеѓу граѓанството. Ако судот е разорен тогаш и граѓаните си велат „зошто јас да се однесувам морално кога можам секогаш да бидам на страната на власта и јас сум заштитен. Што е со луѓето кои немаат толкава заштита?“, заклучи Јовановиќ.