18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ОЈО: Притвор за лице од Демир Хисар за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 50-годишен жител на Демир Хисар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На лицето му е одредено притвор во траење од осум дена.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, на 31 октомври, во два одделни инциденти, осомничениот директно се заканувал на други жители на Демир Хисар дека ќе ги лиши од живот, предизвикувајќи кај нив вознемиреност и страв.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.