24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Богоев на Фејсбук: Стоп за фалсификуваните производи

Директорот на Царинска Управа Стефан Богоев повика да се стави стоп на фалсификуваните производи.

“СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПРОИЗВОДИ
Еден од приоритетите на Царинската управа е ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата.
Фалсификатите и пиратските стоки се опасни по здравјето и безбедноста на луѓето, а во исто време тие доведуваат до намалување на буџетот и зголемување на сивата економија.” – напиша Богоев на Фејсбук.