10. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

МФ: Граѓанските обврзници од втората емисија достапни за граѓаните, барањето едноставно и лесно може да го поднесат преку шалтерите на банките

26 октомври 2023, Скопје – Процесот на издавање на втората емисија на Граѓанска обврзница е во тек. Граѓаните можат да инвестираат во граѓанската обврзница на едноставен и лесно достапен начин преку шалтерите на деловните банки во целата земја со поднесување барање за учество на аукцијата и уплата на средства во износ за кој сакаат да купат обврзници.

Можноста на граѓаните да поднесат барање во деловните банки согласно објавениот Проспект е до 6 ноември, а аукцијата ќе се одржи на 7 ноември, по што следува постапката на запишување на обврзниците на име на имателите во Централниот депозитар за хартии од вредност.
За граѓаните ова е инвестиција во безризичен и сигурен инструмент, кој го издава државата и нуди повеќе придобивки за граѓаните. Меѓу другото покрај тоа што нивната инвестиција е сигурна и без ризик, таа носи и атрактивен принос кој изнесува 10% на вложената сума за двете години на кои е издадената граѓанската обврзница. Односно за вложени 100.000 денари граѓанската обврзница носи принос на имателот од 10.000 денари.

Граѓаните можат да вложат минимален износ од 10.000 денари. Приносот од камата за првата година од 5% ќе биде исплатен на 14 ноември 2024 година и за втората година кога ќе биде исплатена и вложената сума на 14 ноември 2025 година.

Министерството за финансии, Граѓанската обврзница ја воведе на пазарот како нов иновативен производ за кој граѓаните на првата аукција пројавија голем интерес. При тоа беа запишани 2,5 пати повеќе средства од износот на кој беше објавен Проспектот, односно 1.448.030.000 денари.