14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Обезбедивме рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за домашните компании, велат од СДСМ

-Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, расте поддршката за домашните компании, соопшти СДСМ.

„Во изминатите шест години СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за 919 домашните компании, преку законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Овие компании веќе имаат реализирано инвестиции од 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период.

Тоа се 800 милиони евра инвестиции од македонски компании, што претставува инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан.

СДСМ продолжува со мерки и чекори за поддршка на компаниите, да бидат конкурентни, подготвени за отворениот пазар на ЕУ.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.