17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Битиќи: Секој сомнеж за корупција треба да биде истражен, време е да се тргнеме од превезот на колективна одговорност

„Очекуван е чекорот на Јавното обвинителство за отворање предмет за надзорот за изградбата на Коридорите 8 и 10д. Еднаш засекогаш треба да се елиминираат сите недостатоци, ако ги имало и да сноси одговорност некој ако постапката не била спроведена согласно законските одреби и прописи“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека треба да се оттргнеме од превезот на колективна одговорност и државата ако сака да направи исчекор напред треба да има лична одговорност.

„Мораме да сфатиме дека презумпцијата на невиност е света додека не се докаже спротивното. Не гледам ништо лошо во отворањето предмет за предистражна или истражна постапка. Ќе видиме на крајот дали процесот бил компромитиран или не. Ќе беше проблем доколку се случуваше како во минатото, да завршат сите процеси, па по 6-7 години да се враќаме наназад за да кажеме дека процесите биле проблематични“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека предметот на Јавното обвинителство е за надзорот, а не за Бехтел и Енка и потенцираше дека тоа биле две различни постапки за избор.

Можеби ќе ве интересира

Градинарскиот центар „Фоја“ слави 20 години – за посетителите ќе има роденденски цени 

C +

Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

C +

Античкиот театар Аспендос во близина на Анталија ја собра светската оперска и балетска елита на 32 Меѓународниот фестивал за опера и балет

C +