„Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри утре да дадеме законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица“ откри вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки тежок околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
„Ние веќе имавме пакети и мерки. Имавме енергетски додаток кој се даваше на пензионери со ниски пензии. Имаше пакети, но фискалниот простор не дозволуваше да имаме дополнителни мерки. Сега остануваат денови до обзнанувањето на новиот пакет на антикризни мерки во кои ќе се опфатат сите ранливи категории“ рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека тој е горд што е дел од оваа Влада која покажува дека поинку ги сфаќа ранливите категории и создава мерки таргетирани за нив.