15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг

Претседателот Стево Пендаровски реагира на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за неговиот рејтинг.

„Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг. Имено, и по цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски“, се наведува во соопштението на Пендаровски.

„Во македонската политичка историја претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите што ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и со Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50 % понизок рејтинг од партијата што ја предводи.

Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на Фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмината на листата“, се додава во соопштението на Пендаровски.