Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец за издржување двегодишна затворска казна

Вчера попладне, во 16.05 часот, на улица Финска во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот Х. Д. од Скопје, извести МВР.

„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Мајка и син пријавени за даночно затајување: Примиле 579.015 евра од Германија

ДЕСК

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК