13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

191 санкции викендов за сообраќајни прекршоци на територија на Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 191 возачи.

Од нив 138 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 40 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.