Внатрешниот раскол во ВМРО-ДПМНЕ очигледно се одразува по рејтингот на партијата, но и врз рејтингот на претседателот Христијан Мицкоски. Мицкоски има помала доверба од неговиот претходник, Никола Груевски, но и двајцата имаат помал рејтинг од актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, покажа последната анкета на „Фокус“.
Според анкетата објавена од „Фокус“, спроведена преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, на прашањето кој ви е омилен политичар, за Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.
Внатрешниот судир во опозициската партија исто така влијае и врз нејзиниот рејтинг кај граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните.
Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.