Новата анкета на „Фокус“ покажува дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за пад на рејтингот на опозициската партија, но и подобрување на рејтигот на владејачката СДСМ.
Според анкетата објавена од „Фокус“, спроведена преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните.
Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.
Ваквите резултати покажуваат дека од раздорот во ВМРО-ДПМНЕ директна корист има СДСМ, што пак може да се види и од рејтигот на политичарите, каде што повторно Димитар Ковачевски е политичарот со најголема доверба меѓу граѓаните.
На прашањето кој ви е омилен политичар, за Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.