Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Анкета на „Фокус“: Поддршката за ЕУ останува висока, 68 отсто од граѓаните се за членство во Унијата

Граѓаните на Република Северна Македонија продолжуваат да го поддржуваат членството на земјава во Европската Унија. Според анкетата на „Фокус“, дури 68 отсто од граѓаните се изјасниле дека го поддржуваат членството.

Како неутрални за членството се изјасниле 22,4 отсто, додека само 9,25 отсто од граѓаните се против членството во ЕУ.

Силна поддршка има од граѓаните и за ченството на земјава во НАТО алијансата од 72.1% од испитаните граѓани. Членството на Македонија во иницијативата “Отворен Балкан” го поддржуваат 76% од граѓаните.

Оваа анкета на „Фокус“ исто така покажува и неутралност на граѓаните кон уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи патот кон ЕУ. На прашањето „Дали би ги поддржале уставните измени потребни за одблокирање на преговорите со ЕУ“ половина, односно 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат а 19% се противат.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Налети над 60 километри на час, еве каде ќе биде најизразен

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК