15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ЕУ програмата Еразмус ги менува животите на младите на подобро

„Младинските организации велат дека програмата Еразмус прави чуда од животите на младите. Еразмус е програма која ги менува животите на нашите млади на подобро“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Тетово.

Тој додаде дека преговорите за членство во ЕУ со себе носат низа придобивки за младите како што се дополнителни мерки за мобилност.

Вицепремиерот Маричиќ додаде дека младите ќе имаат повеќе можности за размена на контакти, знаења и идеи со нивните врсници од регионот и од ЕУ.

„Северна Македонија е првата земја надвор од ЕУ којашто ја усвои и успешно ја применува мерката ‘Гаранција за млади’. Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во ‘Гаранцијата за млади’. Речиси 40% од учесниците во ‘Гаранција за млади’ добија понуда за вработување, континуирано образование и обука и беа вклучени во практикантство“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека програмата „ЕУ за млади“ наменета за стручно образование, обука и практиканство и вработување добива директна буџетска поддршка од 15 милиони евра, а во новата ИПА III ќе има уште оклу 18 мил евра за гаранција за млади.