24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведен маж од битолско за намерно предизвикан пожар

Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола, денеска (06.10) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “предизвикување општа опасност” односно намерно предизвикување на пожар во с.Лопатица, битолско, го приведоа В.В. (54) од с.Лопатица. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 288 од КЗ.