25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ од Прилеп: Европските средства за земјоделците се зголемуваат најмалку 10 пати по пристапот во ЕУ

„Само со новите мерки од ИПАРД 3 програмата предвидени се вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители. Со пристапот на Македонија во Европската Унија, оваа поддршка само ќе расте. Според досегашните искуства, европските средства со членството во ЕУ се зголемуваат за најмалку 10 пати“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп.

Тој додаде дека овие пари се голем импулс за македонското земјоделство и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии.

„Дополнително, со членството во ЕУ се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи кои во меѓувреме ја имаат целата поддршка да бидат конкуретни според стандардите на Европската Унија“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека нашата земја ги има тие потенцијали и за нашата аграрна стратегија и реформа од огромно значење е брзиот пристап до фондовите на ЕУ.

„Секое одлагање или оддолжување на процесот за членство во ЕУ го одлага и пристапот до овие фондови. Треба да направиме сѐ што е потребно. Скептиците да сфатат, а политичките субјекти да прифатат дека не смееме да им го ускратиме на над 200.000 семејства пристапот до земјоделските фондови на ЕУ и од оваа професија да создадат достојни, европски услови за живеење“ рече Маричиќ.