25.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Лидери сме во искористеност на ИПАРД програмата, со членството во ЕУ ќе добиеме милијарди евра неповратни средства

„Земјоделците во Северна Македонија сега имаа имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство, благодарение на нивното членство во ЕУ. А настапуваме на исти пазари, тие со нивните, ние со нашите производи“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп.

Тој додаде дека тоа се милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство, милијарди кои ќе ни бидат и нам достапни кога ќе станеме членка на ЕУ.

„Во претпристапниот период – Полска, Хрватска, Словенија и другите земји членки како Бугарија и Романија, искористија стотици милиони евра за развој на земјоделството и руралните региони. Тоа е политиката на Брисел за подготовка на државата за членство во Унијата: Да инвестира во секторите кои се во врвот на приоритетите на ЕУ, а земјоделството и здравата и безбедна храна се дел од тие приритети“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека само со новите мерки од ИПАРД 3 програмата предвидени се 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители, а со пристапот во ЕУ оваа поддршка само ќе расте.

„Дополнително, со членството во ЕУ се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи кои во меѓувреме ја имаат целата поддршка да бидат конкуретни според стандардите на Европската Унија. Нашата земја ги има тие потенцијали и за нашата аграрна стратегија и реформа од огромно значење е брзиот пристап до фондовите на ЕУ“ рече Маричиќ.