16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Правиме сè за членство во ЕУ а ДПМНЕ само блокира

СДСМ работи во интерес на граѓаните и државата и прави сè за членство во Европската унија. По 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и признат македонски јазик, соопшти СДСМ.

„Усвојувањето на уставните измени е за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбеди европската иднина на државата и на граѓаните.

Од друга страна ДПМНЕ само блокира и се поставува како пречка на патот кон ЕУ членство.

Сите лаги и деструкции на ДПМНЕ им потонаа и за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат.

Со попречување на напредокот на европскиот пат, ДПМНЕ кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните, економска извесност, подобри перспективи за младите.

Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи. Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна.„ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК