Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, „Стави појас“… превентивни активности на МВР

Вчера (13.09.) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола и Куманово беа реализирани низа активности посветени на безбедноста во сообраќајот и тоа од повеќе аспекти.
Така, на подрачјето на СВР Битола, во градовите Македонски Брод, Демир Хисар и Ресен полициските службеници ги посетија првачињата и второоделенците во тамошните основни училишта при што беа одржани едукативни часови околу основните сообраќајни правила важни за децата како пешаци, но и како корисници на тротинети и велосипеди. Во Прилеп пак, беше реализирана превентивна активност насочена кон возачите на моторни возила околу важноста за користење на заштитен појас при возење, додека пак во Крушево полициските службеници превентивните активности ги фокусираа на акцијата „Слави со срце, не со оружје“.

На подрачјето на СВР Куманово, поточно во градот Куманово, во централното градско подрачје беа спроведени исто така сообраќајни превентивни активности насочени кон важноста од правилно паркирање и околу неопходноста од носење заштитен шлем при управување на моторцикли.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

C +
error: Соддржината е заштитена.