15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Премиерката на Естонија, Каја Калас со поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија: По НАТО, би сакале да ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија и во ЕУ

Премиерката на Естонија, Каја Калас по денешната билатерална средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во изјава ја изрази цврстата поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава.

Во продолжение се наоѓа интегралната изјава:

„Задоволство ми е да му посакам добредојде на премиерот Ковачевски во Естонија на неговата прва посета тука.

Северна Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици партнери во НАТО, и ние би сакале да и посакаме добредојде и во Европската Унија. Ние сме силни поддржувачи на Северна Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија.

Исто би сакале да се заблагодариме за големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна. Ви благодарам повторно и се гледаме во блиска иднина”.

Можеби ќе ве интересира

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

ДЕСК

ВЛАДА: Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки

ДЕСК

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

C +
error: Соддржината е заштитена.