13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пешак загина по удар од патничко возило, возачот побегнал

На 03.09.2023 во 00.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот И.Е.(75) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото починал И.Е., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.