Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ – Еве што се случило

На 02.09.2023 во 21.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат за с.Дреново, на место викано „Стара автобуска“, Б.Т.(58) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. и малолетен сопатник од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Ноќен инцидент во Аеродром: Пет лица приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат скопјанец пронајден починат на Средно Водно

ДЕСК

Драма во Скопје: Тројца насилно влегле во продажен објект и предизвикале пожар – Двајца полицајци пренесени на токсикологија по пожар во објект во Скопје

ДЕСК