25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Прв пат по примањето на Хрватска имаме одредница за влез во ЕУ, да ја искористиме 2030

„Она што е ново и пресвртница е по првпат по зачленувањето на Хрватска се дава временска одредница 2030 година за следното проширување и тоа треба да го искористиме. Ние сме во категоријата на држави што преговараат заедно со Албанија, Србија, Црна Гора и мислам дека треба да движиме на таа брза лента што побрзо, односно не подоцна од 2030 година да станеме држава членка на Европската Унија“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вестите на Алсат.

Тој додаде дека до крајот на оваа година се очекува да се донесе и одлука за почеток на преговори и за Украина и Молдавија и тоа би бил пакетот за следно проширување.

„Украина, Молдавија и овие четири држави коишто веќе преговараат за членство со Европската Унија. Тоа не значи дека некому е нешто гарантирано или дека мора да биде, туку едноставно се дава прилика, шансата овие држави да фатат залет и да ги завршат преговорите пред 2030 година“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека ова е нашата шанса и треба првиот момент кога ќе се отвори вратата за членство во ЕУ ние да бидем подготвени.