25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Почина малолетничката која беше прегазена од автомобил во Скопје, а возачот избега

Малолетничката која беше прегазена завчера на булеварот „Борис Трајковски“ починала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Министерството за здравство потврди дека девојчето починало, иако било веднаш оперирано по приемот во болница.

– На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот, претходно објави МВР.