24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Општина Куманово продаде земјиште на Лидл за градба на логистички центар

Вчера на 31.08.2023 Општина Куманово спроведе постапка за отуѓување на градежно земјиште во сопстевеност по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре, м.в. Новине и м.в.Речица, во Општина Куманово.

На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје.

Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха), и истата изнесува 325.920.015,00 денари (~5,3 мил. Еур).
Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна.