Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот е во целосен прекин

– Од 14:10 часот. сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица – Ново Село (пред влезот за Ново Село) е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.

Засега нема информации за евентуална штета.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта во моментов се одвива непречено, по влажни коловози, додека пак интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК