Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денска ќе останат:
– Од 07:45 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Вера Радосављевиќ, поточно објектите во околината на Фабриката Комуна (Општина Гази Баба)
– Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ТЦ Лептокарија, поточно локалите во околината на продажниот салон на Македонски Телеком (Општина Карпош)
– Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Александар Мартулков (Општина Ѓорче Петров).