15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети оствари средба со американската делегација од Охајо, Мисисипи, Тексас и Илиноис

Претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети, денеска оствари средба со делегација од Соединетите Американски Држави, составена од претставници на собранијата на државите како Охајо, Мисисипи, Тексас и Илиноис, како и претставници на ACYPL (Американски совет на млади политички лидери).

Во организација на американската амбасада во Скопје, претседателот Ахмети се сретна со г-ѓа Сара Харбисон, г. Ноах Санфорд, г-ѓа. Бриде Свини, г-ѓа Ванеса Танер, г. Антони Вега, г. Роберт Вилијамс и г. Дејвид Спектор.

Тема на разговор на оваа средба беа односите на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави, како и процесите во земјата од војната во 2001 година до денес, co процесот на уставните измени.

Претседателот Ахмети изрази благодарност за посветеноста на САД за континуираната поддршка што и ја даваат на Северна Македонија, од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година, Договорот од Преспа, членството во НАТО, стратешкиот дијалог, помошта во областа на одбраната, како и патот на процесот на уставни измени, овој многу одлучувачки момент за земјата и дека САД и понатаму остануваат најсигурен партнер нa патoт на Северна Македонија кон европската перспектива.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +